Денес ќе започнеме со нашиот прв гуру кој е добро познат помеѓу луѓето како Иван Исцелител. Повеќето, не го сфаќаат сериозно, но одреден процент на луѓе веруваат во неговите моќи. Јеховин сведок по своето убедување, овој исцелител тврди дека моќите за правење чуда ги имал само Исус Христос и тој самиот. Според него, останатите исцелители немаат вистинска моќ туку ја користат наивноста на луѓето, што го прави нелојална конкуренција за другите во овој бизнис. Популарните митови говорат за неговите способности за воскреснување на животни, левитирање предмети и лечење болни луѓе со помош на мистериозната сила дадена од Бога.
Секако тие легенди не може да бидат лажни.
Тоа го знаеме затоа што самиот Иван го кажува тоа.
Зошто би лажел?
Исто така, доказ за неговите способности да левитира предмети е ова видео.
.
Иван не е еден од тие искрени заблудени луѓе кои навистина веруваат во своите способности.
Неговата популарна емисија на телевизијата КРТ му овозможуваше на Иван да го канализира својот дар на правилен начин и со тоа повеќе луѓе да дојдат во контакт со него.
Познат пример е неговиот совет кој го дава на човек кој се жали од проблеми со често одење по голема нужда.
Дијагнозата на Иван е дека процесот на олеснување сам по себе не е проблем, туку психата на пациентот бидејќи нашиот мозок дава наредба на цревата и на "чмарот".
Се би било во ред доколку овој гуру се задржеше на неговите емисии и јутуб клипови.Но, како и секој измамник, Иван сака пари. При неговите патувања низ Македонија кадешто со неговите способности лекува од сите болести кои можеме да си ги замислиме, Иван ужива во неговата популарност како пророк и исцелител. Се што треба е да му оставите онолку пари колку што мислите дека треба.
Зошто некој би имал нечесни намери кога не бара пари за неговите услуги туку ти кажува да оставиш онолку колку што сакаш?
Да речеме дека од култура ќе оставиш 10 денари, минимум.
Ако денес отидеме 500 луѓе кај Иван (лично сум присуствувал на многу поголема бројка на луѓе од оваа при една посета на Иван во Скопје), Иван ќе добие минимум 5000 денари, што изнесува околу 40% од нашата просечна месечна плата во Република Македонија...
Покрај тоа што нема да излечи никого, пострашното е тоа што многу луѓе, мотивирани од неговите лаги, нема да се погрижат да побарат вистинска медицинска помош за нивната здравствена состојба.
Иван има направено и упатство за употреба од кое дома лично имам копија.
Упатството започнува со:
"Ако сте во можност да соберете дест луѓе и пред нив да ја прочитате ќе ве прати срќа и благослов и се ќе ви оди од рака наредните две години...среќно..."
http://on.net.mk/greatest-clicks/taka-isceluvashe-ivan

0 comments:
Post a Comment